Апликација за кариера

Почитувани,

Добре дојдовте на нашата страница за онлајн-пријавување.

Процесот на Вашето пријавување се потрудивме да изгледа малку поинаку од вообичаено. За Вас подготвивме посебна апликација преку која ќе може да отворите свој профил и со пристапување кон него постојано да ги ажурирате настанатите промени во Вашата биографија. Воедно, преку истата ќе добивате информации за отворените работни места за областите од Ваш интерес.

Ова е местото на Вашиот почеток на патот кој Ве води до нас, но и поблиску до себе и до својата цел. Тежнееме да станете дел од нашето непрекинато патување за остварување на нашата визија и мисија. Ние во Алкалоид Ве охрабруваме да верувате во себе, во Вашите амбиции и соништа. Ве повикуваме да станете дел од нашиот професионален тим, каде што ќе имате можност да ја претворите Вашата мисла, идеја и постапка во новитет и да поттикнете промена за подобар свет.

Ви нудиме одлично работно опкружување, постојан развој и професионално усовршување, поддршка и поттик да бидете подобри, иновативни, прагматични и флексибилни во мисијата да се реализирате себе си и својот потенцијал.

Ние Ви даваме простор за изразување на сопствените способности, Веруваме во Вас и Ве предизвикуваме да бидете креативни и смели, да бидете дел од компанија со долга традиција и со историја на успеси, да зачекорите на патот на Вашата кариера, токму овде, со нас, заедно да ја пишуваме нашата историја, нашата успешна македонска приказна.

Како до свој личен профил?

Проследете ги нашите моментално активни огласи за отворени работни места.

Работни места за кои можете да се пријавите:

Во моментов немаме активни огласи
Page 1 of 0 (0 items)
Prev
Next

Пријава на нов корисник

Captcha image
Регистрирај се